Friday, September 16, 2011

Победа на Шпанија над Македонија со 92 - 80

Првиот финалист на европското првенство е Шпанија со 92 - 80 над Македонија. Македонските репрезентативци се покажаа навистина добро спрема првакот, по крајот на првото полувреме Македонија ги водеше Шпанија со 1 поен разлика. Но во третата четвртина Juan Carlos Navarro со неговите шутеви од три обезбеди сигурна победа на Шпанија над Македонија. Најефикасен играч на натпреварот беше Juan Carlos Navarro со неговите 35 поени. Од нашите репрезентативци најефикасен беше Лестер Бо МекКејлеб со 25 поени. Но во недела ние ке треба да го одбраниме третото место против Франција или Русија. Исто така Лестер БоМекКејлеб има постигнати најмногу поени 188. Треба да се напомене и дека Шпанија со Македонија досега нема одиграно натпревар. Погледнете ги и фотографиите






Славењето на Македонските кошаркарски репрезентативци

По победата над Литванија, Македонските кошаркарски репрезентативци слават во соблекувалната погледнето го видеото.








Продолжение на славењето на репрезентативците на Македонија




Битолска историска секција, 2011

Thursday, September 15, 2011

Македонија со победа над Литванија со 67 - 65

По синокешниот натпревар со Литванија, Македонија со заслуга на репрезентативецот Владо Илиевски кој шутираше од три и погоди ја совлада Литванија со 67 - 65, па проследетего тој момент.



Проследете ја и прославата


Битолска историска секција 2011, Септември



Sunday, January 23, 2011

На 23 јануари 1872 е роден ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Гоце Делчев е роден 1872 година.Тој бил еден од најголемите револуционери во историјата на нашата татковина.Идеолог, организатор и водач на македонската револуционерна организација.Нејзин уставотворец, создател на четничкиот институт-воспитувач на првите чети и војводи и задграничен представник.

НЕГОВО ШКОЛУВАЊЕ

Во 1879-1880,Гоце Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш завршил средното образование во Солунската машка гимназија ''Св Кирил и Методиј ''(1888-1891)таму раководел таен ученички револуционерен кружок.Се запишал во Военото училиште во Софија во 1891.Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето во 1894година.

Wednesday, December 22, 2010

Даме Дамјан Груев

Даме Груев (Дамјан Груев, Дамјан Јованов - Даме) (Смилево, 19 јануари 1871 - Русиново, 23 декември 1906) бил македонски револуционер, еден од основачите на ТМОРО и најценетите и највлијателните негови раководители, заедно со Гоце Делчев.
Груев е роден во 1871 г. во Смилево (Демирхисарско). Според некои имал мијачко потекло од селото Селци. Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школувал во родното место - селото Смилево, демирхисарско, до четврти клас учи во Битола а потоа во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.
Во јануари 1888 година, во една група од 19 души меѓу кои и Петар Поп Арсов, привлечен од српската пропаганда, заминува да учи во Белград бесплатно на сметка на Друштвото „Свети Сава“. Таму, завршува гимназија и пак на сметка на „Свети Сава“ се запишува во Великата Школа. Во 1891 исклучен од школата го напушта Белград. Се запишува историја на Вишото училиште во Софија, но во 1881 година и оттаму е исклучен. Во Софија со неколкумина сомисленици од кругот околу „Лоза“ создаваат „Дружба“ со цел да бараат примена на член 23 од Берлинскиот договор.
Од 1891 до 1893 година бил егзархиски учител во селото Смилево и во Прилеп.
Од летото 1894 година започнал да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Бил егзархиски учител во Штип и инспектор во солунско, а потоа и гимназиски наставник во Битола и раководител на Битолскиот револуционерен округ.
По убиството на министерот за финансии Христо Белчев, Даме и некои од неговите другари биле уапсени како осомничени. Во април 1821 година заминува за Македонија. Поднел молба да биде назначен за егзархиски учител во Битола, но молбата му е одбиена. Назначен е за егзархиски учител во Смилево. Следната година учителствува во Прилеп, а летото во 1893 заминува во Солун, каде работи како коректор во печатницата на Коста Самарџиев.
Даме бил иницијаторот за основачката средба на ВМОРО на 23 октомври (стар стил) 1893 година во Солун. Избран е за секретар и касиер на Централниот Комитет. Како што сам кажува организацијата е создадена „по пример на Револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето... по примерот на Ботев, Левски, Бенковски“. Од основањето на тајната македонска револуционерна организација и првиот Централен комитет, Груев цели шест години ја обиколува Македонија во убедување, проучување и посветување на македонското дело на нови приврзаници, според прописите на Уставот.
Од 1894 до 1895 г. назначен е за егзархиски учител во Штип, каде учителствува заедно со Гоце Делчев и Туше Делииванов. Од 1895 година се враќа во Солун, како училишен инспектор каде се активира и во работењето на Организацијата со што го воведува шифрарникот. Во периодот 1897-1898 е интерниран од Солун во Битола каде развива голема дејност за закрепнување на револуционерните комитети, за формирање на нови комитети и привлекување на нови соборци, а на 6 август 1900 година е уапсен и осуден на 10 години затвор, затворен во битолскиот затвор, поради таканаречената Попставрева афера.
И од битолскиот затвор Даме раководи со делото, посебно со Битолскиот вилает. На 29 мај 1902 г. од затворот во Битола е испратен во Подрум кале. Тука затворските казни ги издржуваат Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Иван Хаџи Николов и други. Амнестиран е пролетта 1903 г.
На Смилевскиот конгрес во почетокот на мај 1903 година Даме Груев, Атанас Лозанчев и Борис Сарафов се избрани за членови на Главниот штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ на кој конгрес е донесена и официјализирана нова стратегија и тактика на востанието. Учествува во донесувањето на одлуката за датумот на кревање на востанието. Тој бил најмногу задолжен за бранење на Смилевското подрачје. Заедно со Ѓорѓи Сугарев ја раководат одбраната на Смилево. На 14 август одбраната на Смилево е пробиена и востаниците биле принудени да се повлечат по високите места на Бигла планина. Во востанието и по него заедно со народот ги споделува последиците од него. На 9 септември 1903 година, Даме и Борис Сарафов во името на Главниот штаб испраќаат писмо до бугарската влада со повик за помош од Бугарија.

Даме Груев убиен во 1906 година
При крајот на 1904 година, Даме е заробен од србоманскиот војвода Глигор Соколовиќ - Љамето, но Пере Тошев му се заканува на персоналот на српското дипломатско претставништво во Софија и Даме е ослободен.
На Рилскиот конгрес (октомври 1905) избран е за претседател на ЦК. По заминувањето во Софија, се разочарал од состојбите кои се случувале во Организацијата. Според спомените на Дамјан Наумов, по напуштањето на Софија, Даме Груев извикал: „Си одам разочаран, не се враќам повеќе овде.“ И навистина, на 23 декември 1996 година, заедно со своите верни другари Сандо Китанов, Георги Карчев херојски загинува на врвот Петлец над селото Русиново. Коските на тројцата храбри борци биле погребани во еден гроб во дворот на Русиновската црква.

Sunday, December 19, 2010

На 19 декември 1921 е роден Македонскиот поет Блаже Конески

Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и виден книжевен, културен и јавен работник: академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Конески е вонсериски лингвист, меѓународно реномиран славист, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје (кој денес го носи неговото име), ценет професор, еден од основачите и прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ. Конески е вистински полиграф. Тој е суптилен лиричар, автор на 13 поетски книги, лауреат на значаен број македонски и меѓународни награди и признанија (Хердерова награда, Његошова награда, Златен венец на Струшките вечери на поезијата итн.).
Тој е и истакнат прозаист, есеист, публицист, литературен историчар, полиглот, препејувач од многу јазици на делата на низа поети (Његош, Прешерн, Хајне, Блок, Мицкјевич, Неруд, Волкер, Мајаковски). Неговите дела се преведени на голем број јазици. И ден-денес неговото име се споменува доста често во научните и културните кругови.
Како човек со толку звучна биографија, дури и од денешна перспектива вчудовидувачка е неговата перманентна скромност во настојувањата да ги разоткрие механизмите на сопственото поетско творештво. Конески е еден од ретките поети кои не само што вложуваат толку напор да го осознаат самиот креативен процес туку имаат и смелост и капацитет сознанијата да им ги приопштат на идните читетели. Впрочем, најтипичниот пример е есејот „Еден опит“ во кој Конески како искусен поет ги опсервира тајните на поетскиот занает. Тргнувајќи од сопствениот творечки опит, тој особено го потенцира значењето на усната народна традиција како основна платформа врз која ја артикулира својата индивидуалност.
Легендите, што подоцна ќе најдат обработка и во некои мои текстови, јас не сум ги запознал од книги, ами сум ги слушал од старите во својата селска куќа, во првото детство, - се потсетува Конески укажувајќи: Уште оттогаш преминала во мене Стерна, страшната подземна вода. Уште со овие реченици Конески децидно укажува дека тој не ја создава својата поезија од ништо, туку, напротив, воспоставува жив, интимен дијалог со претходната усна или писмена поетска традиција. Оттука, предлагајќи го тријадниот модел: традиција-колектив-автор, Конески смета дека и тој самиот нужно создава во дослух како со постојната културна традиција така и со јазикот, сензибилитетот, кодот и духот на колективот, како и на сопствената епоха: Јас вршев иновација, ги вклопував старите пораки во современ израз и ги варирав по начин што му одговара на интересот на современиот човек.
Еден од најинтригантните теоретски пунктови за креативниот процес е (хипо)тезата на Конески за откривањето на песната. Тој и самиот истакнува дека има впечаток дека никогаш не сум бил разбран како што треба, особено ако се има предвид дека оваа негова теорија не е само чиста шпекулативна конструкција, туку дека таа е негово интимно, реално поетско доживување или, како што самиот вели, еден вид чувствена сензација. Всушност, при настанувањето на неколку најпознати, антологиски песни Конески доживеал една речиси мистична визија: одеднаш бев обземен од чувство дека јас песната заправо не ја пишувам, ами ја откривам. Всушност, идентификувајќи се себеси како откривач на песната, Конески ја демонстрира својата скромност, настојувајќи да се ослободи од речиси неизбежната творечка суета. Притоа недвосмислено истакнува дека веројатно не е прв поет и уметник кој дошол до тоа сознание

Saturday, December 18, 2010

Филики етерија

Во почетокот на март 1821 година генералот Ипсилантис својата балканска војска, собрана од балканските народи што емигрирале во Русија, ја префрлил преку реката Прут од руска Бесарабија во Молдавија. Ипсилантис се надевал дека ќе го искористи востанието на романското население, кое предводено од Тудор Владимиреску, се кренало против домашните властодржци за да ја помогне борбата за слобода на класичните грчки земји. Ниту романското, ниту српското, ниту бугарското, ниту македонското население не му верувале на Гркот Ипсилантис ниту, пак, сакале да се поистоветат со угнетувачката власт на грчките фанариоти и не и се придружиле на неговата војска! По поразот на неговата војска од османлиската во битката кај Драгачан во 1821 година, Ипсилантис бил принуден да побегне на хабзбуршката територија, со што мисијата му доживеала неуспех.
Во знак на одмазда за обидите на Ипсилантис да организира востание против султановиот режим, османлиските власти на 10 април 1821 година го обесиле вселенскиот патријарх Григориј V на една капија на Патријаршијата во Цариград. Поради истиот причина, во знак на одмазда, биле убиени повеќе грчки епископи. Григориј V и Светиот синод, составен од најстарите митрополити на Православната црква, издал прогласи во кои остро ги осудил Ипсилантис и неговите востаници во Молдавија прогласувајќи ги за бунтовници и од османлиската власт и од Божјата волја. Меѓутоа, патријархот бил обесен затоа што не го испочитувал договорот со Османлиите, според кој, во замена за слободното проповедање на верата од патријархот се очекувало да дејствува како гарант на покорноста на православното население кон османлиската држава. Три дена подоцна телото на Григориј V и било предадено на еврејската заедница бидејќи во градот владеело огромно нетрпение меѓу еврејската и грчката заедница. Евреите го одвлекле телото и кај Златниот рог го фрлиле во море. Подоцна една грчка посада го извлекла телото и на руски брод го пренела во Одеса. Во 1871 година телото на Григориј V било вратено во Грција. На стогодишнината од неговото погубување Григориј V официјално бил прогласен за светител на Православната црква.
Преместувањето на седиштето на Филики етерија во 1818 година во Цариград имало цел да го засили агитирањето кај сите христијански народи на Балканот да ја поддржат идејата и бидејќи во Цариград, како главен град на империјата, европските сили имале свои амбасади, Друштвото сакало преку нив Европа да се запознае со подготовките на христијанските балкански народи за борба за ослободување од османлиското владеење. Европските големи сили речиси биле обединети за поддршката и за симпатиите кон грчката ослободителна борба. Долговековниот османлиски окупациски режим врз балканските народи тие го доживувале како туѓо тело на европската територија. Помошта на Грција и ја давале и како поддршка во одбраната на христијанството и за да се спречи навлегувањето на исламот во централниот и во западниот дел од Европа.Во почетокот на март 1821 година на Пелопонез дошло до неколку вооружени судири меѓу месното население и османлиската власт. Подоцна вооружените судири добиле пошироки размери. На 25 март 1821 година архиепископот Германос го објавил почетокот на Грчкото востание против османлиската власт. Меѓутоа, набрзо по ослободувањето на Пелопонез грчките востаници се поделиле на т. н. воена и цивилна партија. Воената партија ја предводел Теодорос Колокотронис, а цивилната Александрос Маврокордатос. На првото востаничко собрание во јануари 1822 година во Епидариус бил направен обид за помирување на овие две партии. На ова собрание бил донесен привремен устав, кој бил изработен според францускиот Устав од 1795 година. Донесувањето на овој устав всушност значело победа на цивилната партија. Меѓутоа, не дошло до фактичко помирување меѓу воената и цивилната партија. Покрај борбата за ослободување од Османлиското владеење, во Грција паралелно се водела и граѓанска војна, која имала негативни последици врз развојот и врз успехот на востанието.
Првото српско востание во 1804 година почнало како одговор на засиленото и неподносливо угнетување од страна на јаничарите. Тие настани постепено добиле карактер на националноослободително востание и влијаеле како охрабрувачки пример за христијаните и како доказ за ранливоста на османлиската власт. Со Ичковиот мир од 1806 година Србија добила статус на политичка автономија во рамките на империјата. Во 1815 година, со одредбите на Виенскиот конгрес, јонските острови биле прогласени за формално независна држава под протекторат на Велика Британија. За Грците тоа претставувало силен поттикнувачки мотив за приближување кон британската влада и за борба против османлиската власт, со оглед на тоа дека еден дел од грчката територија веќе не бил под османлиско владеење.
Задоени од претходните настани и под влијание на ослободителните идеи за севкупно христијанство на Балканот, во 1814 година во Одеса (Русија) се собрале Емануил Ксантос, Атанас Цакалов (по потекло Македонец) и Николаос Скуфас, сите емигранти во Русија, и го основале друштвото Фелики етерија (Пријателско друштво), со единствена цел, со вооружено востание да ја ослободат татковината од османлиското владеење, со главен град Цариград. Тоа значи дека некој од основачите на друштвото немал претстава за географските граници на татковината, ниту за тоа што спаѓало во неа. Друштвото Фелики етерија било под силно влијание на масонството, односно на Слободните ѕидари. Членовите на Фелики етерија биле максимално дисциплинирани во однос на спроведувањето на заговорничките правила. Организацијата на друштвото била поставена според хиерархијата на седум степени: 1) побратими; 2) препорачани: 3) јереј; 4) пастири; 5) архипастири; 6) посветени; и 7) началници на посветените.
Во својата преписка етеристите користеле посебна шифрирана азбука од 22 знака составена од грчки букви и од арапски бројки. Приемот на нови членови во друштвото се вршел според сложените обреди на масонството, а секое издавање на неговите тајни се казнувало со смрт. Поради тоа друштвото немало поголеми успеси во првите години од постоењето. Сепак, од 1818 година, откако центарот од Одеса бил преместен во Цариград, значи поблиску до Грција, почнал да се зголемува бројот на членовите. Друштвото пуштило глас дека Русија ќе им помогне на балканските народи при ослободувањето од Османлиите. Под силна пропаганда за ослободување на православните народи од османлиското владеење, со помош на големата православна Русија, почнале подготовките за општо балканско востание. За водач на востанието бил предложен рускиот генерал Александар Ипсилантис.
На Русија и бил потребен излез на Медитеранот заради обезбедување на трговијата, особено со жито, затоа што најголемата руска житница се наоѓала во јужниот дел од земјата, а најпогодниот и најкраткиот пат до најголемите светски потрошувачи минувал низ Босфор, Дарданели и Средоземното Море. Користењето на тој правец било безбедно само за оној што имал превласт на Балканскиот Полуостров. Поради тоа сите руски владетели и влади работеле на проширување на Русија во тој правец. Прво, требало да се навлезе до Азовско Море, потоа до Црно Море, и на крај, преку Босфор и Дарданели, до Средоземно Море. Извршувањето на таа задача имало различни форми, текови и содржини.
Од балканските земји најпогодна да се реализираат руските интереси била грчката територија. Во втората половина на XVIII век руската војска и нанела тежок пораз на османлиската. Владата на Катерина II (1762-1796) на 10 јули 1774 година во Кучук-Кајнарџи склучила Спогодба за мир меѓу Русија и Турција. Со оваа Спогодба, турската влада и го признала на Русија правото на заштита над Руската православна црква во Турција. Во исто време дошло до спогодба меѓу Катерина II и австрискиот цар Јосиф II, во случај на евентуална поделба на Балканот, северозападните делови на Балканскиот Полуостров да и припаднат на Австрија, а југоисточните на Русија. Под тие услови Јосиф II дал согласност Русија да го формира големото "Грчко царство" во границите: Дунав, Црно Море, Мраморно Море, Егејско Море, Средоземно Море, Јонско Море и Јадранско Море, со права линија повлечена од вливот на реката Дрим во Јадранско Море до устието на реката Сава во Дунав, односно Белград.
На престолот на таа држава требало да дојде внукот на Катерина II, рускиот голем кнез Константин. На тој начин Русија би добила превласт не само на Балканот, туку и на голем дел од Медитеранот. Меѓутоа, во тоа време не дошло до распаѓање на Османлиската империја, ниту до основање на грчка држава на територијата на речиси половина од Балканскиот Полуостров, но биле поставени основите на руско-грчкото пријателство, што доаѓало до израз во секоја кризна состојба на Балканот или на Медитеранот.